Фото: Иван Пешевски
Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Иван Пешевски го најави протестот за 28 јануари од 17 часот на кој работниците ќе побараат повисоки плати.
„Бараме плати од кои може достоинствено да се живее! Платите мора да пораснат за младите да останат!
Македонија е последна во регионот по висина на плати, а трошоците за живот секојдневно растат. Работниците не смеат повеќе да ја плаќаат цената на лошите политики и игнорирањето на реалноста.
Бараме итно зголемување на 600€ минимална плата и зголемување на сите плати за 100€. Бараме почитување на трудот, бараме иднина дома, а не иселување!
Достоинствена плата е право, а не привилегија. Затоа излегуваме – гласно, масовно и обединето“, објави Пешевски.
