Фото: Принтскрин
„Безбеден град“ треба да почне од 1 февруари оваа година, но веќе се соочи со првите проблеми, односно реакции од некои политички партии.
Крилото на Алијансата на Албанците, кое го предводи Арбен Таравари, смета дека се кршел Законот за јазиците.
„Ова претставува директно кршење на Законот за јазиците и на уставните принципи врз кои се темели мултиетничката и демократска држава“, велат од Алијанса.
Претходно и Зијадин Села побара казните да бидат двојазични и да стигаат на домашна адреса.
