Фото: Принтскрин
Марио од околината на Темишвар бил пријавен за исчезнат на 19 јануари, а неколку дена подоцна е пронајден починат и закопан на едно поле блиску до градот.
Полицијата приведе повеќе малолетни лица поврзани со злосторството, а меѓу нив се две 15-годишни лица и едно 13-годишно.
Се сомнева дека еден од 15-годишниците, заедно со помладото дете го убиле Марио со повеќе убоди со ножеви и секира, по што го викнале другото дете да го закопаат.
Тие планирале повеќе од еден месец да го ликвидираат детето, а причина наводно била љубомора. Романските медиуми пишуваат дека тие му љубомореле затоа што има поскап телефон, тротинет и патики, а воедно ги малтретирал по што решиле да го убијат.
Наводно меѓу децата имало вербална пресметка, по што го нападнале и го лишиле од живот со ладно оружје.
