Фото: Принтскрин
Собранието на Македонија денеска ги усвои измените во Законот за прекршоци со 81 глас „ЗА“ со што се направи клучниот чекор кон активирање на „Сејф Сити“.
Ова значи дека наскоро камерите низ улиците во главниот град ќе почнат да ги снимаат и казнуваат прекршоците.
Ќе се оствари најавата за старт на системот од 1 февруари, што значи дека возачите по тој период ќе бидат санкционирани за прекршоци.
