Фото: Принтскрин
Македонската радио телевизија (МРТ) објави дека на 48-годишна возраст починал долгогодишниот снимател во телевизијата, Александар Мижимаков.
„Ненадејно, на 48-годишна возраст почина долгогодишниот снимател на МРТ, Александар Мижимаков. За време на својата кариера работеше со сите редакции на МРТ, од информативна до документарна и играна програма.
Мижимаков студираше филмска камера во Софија и работеше на неколку надворешни проекти надвор од МРТ. Зад себе остави сопруга и три деца. Погребот ќе биде во наредниве неколку дена во Скопје“, соопшти МРТ.
