Фото: MUP Srbija
Полицијата уште го бара напаѓачот кој денеска околу 13.15 часот избоде 68-годишна жена во ходник на зграда во која живее.
На официјалниот профил на Министерството за внатрешни работи на Србија беше објавена негова фотографија и апел до граѓаните.
„Полициските службеници се во интензивна потрага по лицето од фотографијата која изврши кривично дело. Ве молиме да се јавите доколку го забележите“, пишува во објавата.
