Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) 400.000 денари за ручек во Струмица: Баџанакот на Мицкоски во центарот на бурни реакции!

Gladiator 22/12/2025

Набрзо по преземањето на власта во Струмица од страна на градоначалникот Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ, една од првите јавни набавки од општината отиде кај компанијата „Шалом – Фуд Груп“ ДОО, во сопственост на Јорданчо Јанев, баџанакот на премиерот Христијан Мицкоски, и Дончо Карастоев, негов прв братучед.

Компанијата беше единствен понудувач и го доби тендерот за ресторански услуги за свечениот ручек на 11 декември, по повод локалниот празник „Св. 15 Тивериополски свештеномаченици“. Вкупната вредност на договорот изнесува 400.000 денари со ДДВ, со кои се обезбеди традиционален ручек за околу 250 гости во ресторанот „Шалом“ во Струмица.

Менито, според финансиската понуда, вклучуваше пржена пастрмка, посно гравче, посна чорба, посни сарми, салата, баклава, леб, безалкохолни и алкохолни пијалаци (ракија, мастика, пиво, вино), како и кафе и чај.

На настанот присуствуваа црковни лица, директори на институции, министри од владата, а официјално соопштение објави и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Според текстот:

„На богослужбите присутна беше директорката на Комисијата Оливера Трајковска, потпретседателот на македонското собрание Антонио Милошоски, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков, покровителите на годинашната слава Јорданчо и Стевица Јаневи, советници, директори на институции и голем број верници.“

Тврдењето дека Јорданчо и Стевица Јаневи биле покровители отвора дилема, бидејќи истите се сопственици на компанијата која го доби тендерот од општинскиот буџет. Терминот „покровител“ обично имплицира дека трошоците биле покриени приватно, но реалноста покажува дека финансиите ги обезбедила општината преку јавна набавка.

Од партијата Левица реагираа бурно:

„Во време кога многу семејства се соочуваат со сиромаштија и секојдневни трошоци, овие енормни суми за елитни настани се неприфатливи. Парите на граѓаните треба да се вложуваат во социјални проекти, образование и здравство, а не во раскошни ручеци.“

Јорданчо Јанев и Дончо Карастоев беа поврзани со семејни бизниси на Мицкоски и пред тоа, кога опозицијата СДСМ ги обвинуваше за наводни коруптивни шеми во Бугарија. Според обвинувањата, Јанев управувал со ДАНО ТРАНС ЕООД во Петрич, каде наводно „вртеле“ милиони лева од македонскиот буџет, а Карастоев како прв братучед управувал со Инфинити транспорт груп. ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше овие тврдења како „лажни вести“.

До објавувањето на овој текст, општина Струмица не доставила објаснување за улогата на Јаневи како „покровители“.

Веста и фотографијата ги споделува puls24.mk

Фото: Puls24.mk

Tags: Македонија мицкоски

Continue Reading

Previous: Минимална плата: Мицкоски најавува одржлив раст, но само со консензус
Next: (ФОТО) Познат хармоникаш загина во тешка сообраќјна незгода

Најново

  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга
  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

07/02/2026
(ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

(ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

07/02/2026
Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

06/02/2026
(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

06/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга
  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.