Ријалити учесничката Милјана Кулиќ овој викенд беше изведена од шоуто „Елита 9“ и однесена на итен преглед во Ургентниот центар во Белград, објавија локалните медиуми.
Нејзината мајка, Маја Кулиќ, проговори за ситуацијата и објасни што всушност се случило со нејзината ќерка.
„Да, во саботата Милјана беше на итен преглед. Има силно менструално крварење, па ја испратија кај гинеколог и хирург, но, за среќа, сè е во ред“, изјави Маја за медиумите.
На прашањето дали успеала да се слушне со Милјана и како е нејзиното здравје сега, Маја одговори:
„Не сум се слушнала лично со неа, продукцијата ми јави сè. Сега е добро, ја вратија. Ви благодарам што се грижите“, додаде таа.
