Фото: Принтскрин
Денеска треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет во 12 часот, а барањата на синдикатите се јасни, односно се бара минимална плата од 600 евра.
Иван Пешевски од ССМ кажа дека ќе го напуштат ЕСС доколку Владата одбие да разговара за потрошувачката кошница и платите на граѓаните кои се мизерни и заостануваат во однос на регионот.
ССМ посочи дека ќе излезат на протести и штрајкови доколку барањата за платата бидат игнорирани.
