Фото: Принтскрин
Македонската пејачка Сузана Гавазова денеска го прославува 46. роденден, а притоа доби голем број честитки на социјалните мрежи од нејзините колеги, но и фанови.
Пејачката го имаше првиот професионален настап на „Фолк Фест Валандово“ во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, по што следи голем напредок во нејзината кариера, а денес е една од најпознатите.
Гавазова во моментов се подготвува за настап во Скадарија, па ги покани сите фанови од Чикаго и околината.
