Фото: Принтскрин
Доне Димов го загуби животот во сообраќајна незгода во село Тимјаник, кога со мопед удрил во бетонски столб.
„Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино“, соопштија од МВР.
Од 17-годишното момче се збогуваа и од училиштето.
„Со длабока тага и болка ја информираме училишната заедница дека трагично го загубивме нашиот ученик Доне Димов.
Последното збогување ќе се одржи утре 21.12.2025година:
• од 11:00 часот – во капелата во Неготино
• од 12:00 часот – погреб на гробиштата во Тимјаник
Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите и сите кои го познаваа.
Ќе го паметиме по неговата младост, добрина и присуство меѓу нас.
Нека почива во мир“, објавија на социјалните мрежи.

