Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Јанчев за сообраќајката во која загина дете: Жал ми е, не помина ден да не помислам на тоа

Gladiator 20/12/2025

Фото: Левица

Обвинителството поднесе постапка против пратеникот од Левица, Саше Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина 16-годишно дете.

Јанчев се јави на социјалните мрежи во кои изрази жалење за несреќата која имаше смртни последици.

„Во сообраќајната несреќа во која бев учесник има најмалку три потресени фамилии и уште куп потресени познаници. И затоа досега молчев, оти знам што значи после еден таков настан некој постојано да те навраќа на истото.

Од тие причини нема да навлегувам во детали од настанот, но после се, чувствувам потреба нешто да кажам.

Најпрво жал ми е за се што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на ова. Веднаш после настанот пружив помош и повикав помош. Направив се што можеше да се направи.

Морам да забележам дека брза помош чекавме цели 50 минути.

Морам да забележам и дека јас сум единствен легален учесник во сообраќајот во таа несреќа.

Исто така морам да забележам и дека власта уште истиот ден, само после неколку часа, почна да го користи случајов за политичка пресметка со мене преку координирани и планирани напади.

Уште рано наутро преку нивните пропагандни медиуми пуштија вести дека сум бил пијан, дрогиран и дека сум возел бесно. Ништо од ова не е точно.

Пуштија вест дека сум возел бесен џип и ставаа слики од нови скапи возила. И ова не е точно. Моето возило е старо 20 години.

Поручекта истиот ден ДПМНЕ ме осудија од партиска прес-конференција без притоа да ги спомнат, а не пак да ги повикаат на одговорност Министерот за внатрешни и министерот за здравство.

Потоа премиерот на интервју во вести ме осуди и суптилно ми се закани со Обвинителство.

И отогаш навака постојано пробуваат медиумски да ја наметнат темава со цел да наметнат наратив дека јас некого сум прегазил. Дека јас сум некој кој вози по улица и прегазува луѓе, па дури ме нарекуваат и убиец. Да прегазиш некого е да поминеш преку некого, а тоа во случајов ни од далеку не се случи.

Пред Анкетната комисија за Кочани од пратениците на власта во собраниските ходници добивме и закана дека поради Анкетната ќе удрат по мене. Демек ако Левица ја отвора темата за Кочани они ќе удираат по мене заради сообраќајната несреќа. Чиниш сообраќајната несреќа е исто со она што се случи во Кочани.

Па потоа излезе приказната со имунитетот. Јас на имунитетот ниту сум се повикал, ниту ми паднало на памет да се повикам. Дополнително од власта убаво знаат дека имунитетот во случајов не се однесува на кривична одговорност. Пратеник може да има имунитет и пак кривично да одговара.

И сето ова се прави без осет затоа што во приказнава не сум само јас, има и настрадани и еден куп потресени.

Уште еднаш жал ми е за се што се случи и не знам зошто мораше да се случи“, објави Јанчев.

Tags: Левица Саше Јанчев

Continue Reading

Previous: Почина легендата на македонското радио – Драган Б. Костиќ
Next: (ФОТО) Мајката на Ивона: Каков свет е овој, каде што убиеното дете нема глас, а виновните зборуваат гласно и слободно?

Најново

  • (ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието
  • (ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…
  • (ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор
  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието

(ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието

07/02/2026
(ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…

(ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…

07/02/2026
(ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор

(ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор

07/02/2026
(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

07/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието
  • (ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…
  • (ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор
  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.