Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Мајката на Ивона: Каков свет е овој, каде што убиеното дете нема глас, а виновните зборуваат гласно и слободно?

Gladiator 20/12/2025

Фото: Стојка Антова

Поминаа девет месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Во моментов трае судењето против обвинетите, а мајката на починатата Ивона, Стојка Антова објави емотивна порака на социјалните мрежи.

„Девет месеци поминаа откако моето срце престана да живее, а јас продолжив да дишам без душа, откако мојот живот застана. Девет месеци без моето Ивонче, без мојата душа,радост и светлина, без моето чедо. А јас – ни сама не знам како уште дишам, како чекорам, како преживувам,како се будам секое утро без неа. Секој ден е борба со болка што не се опишува, болка што не се лечи, болка што само мајка ја знае кога ќе ѝ го одземат детето.

Секој ден започнува и завршува кај тебе, ќерко моја. Рано сабајле сум кај твојот вечен дом, попладне повторно се враќам.Таму ми е срцето,таму ми е животот. А дома… тишина што боли повеќе од збор,празнина што вришти. Секој агол те бара, секој здив ми го шепоти твоето име. Не знам како ова срце уште чука без тебе,без моето мило Ивонче😭.

Иако ги гледам твоите слики, иако стојам пред твојот спомен, во мене живее таа тешка, болна надеж – дека ќе ја отвориш вратата и ќе речеш:

„Мамче, јас сум дома.“

Но вратата молчи,не се отвора,само тишина.Само солзи. А мајчиното срце се крши секоја ноќ одново и одново.

Ноќите ми се најтешки. Кога ќе запалам цигара и ќе ја изгасам сијалицата, си велам: ќе дојдеш од позади мене, ќе ме гушнеш силно, ќе ме бакнеш како само ти знаеше… Се вртам – никој. И тогаш плачам тивко, кршејќи се од болка, со сознанието дека моето чедо никогаш повеќе нема да влезе низ таа врата. 😭

А болката не е само што те нема. Болката е што твојот млад живот беше неправедно одземен. Болката е што денес, девет месеци подоцна, вистината сè уште ја чека правдата. Сите се бранат, сите се прогласуваат за невини, а ние родителите ги броиме деновите без нашите деца, носејќи гробови наместо прегратки.

Што вистината ја газат.

Што сите се бранат.

Што сите обвинети се прогласуваат за невини, додека јас го носам најтешкиот товар – гробот на моето единствено дете.

Каква правда е ова?

Каков свет е овој, каде што убиеното дете нема глас, а виновните зборуваат гласно и слободно?

Силите ми се одземаат секој ден. Телото ми е уморно, нозете едвај ме носат, срцето ми е црно од тага. Ама нема да застанам. Ќе се борам. Ќе викам. Ќе сведочам.

До последен здив ќе се борам за правдата на моето Ивонче да излезе на виделина.

Ќе издржам колку што можам, зашто моето дете го заслужува тоа. Моето Ивонче го заслужува тоа. И сите 63 анѓели го заслужуваат тоа

Можеби мајката живее без срце…

ама не смее да молчи.

Зашто молкот убива уште еднаш.

Мое мило Ивонче, мајка ти те носи во секој здив, во секоја солза, во секоја борба.

Тие ми те зедоа од раце, ама никогаш нема да ми те земат од душата“, објави Стојка.

Tags: Стојка Антова

Continue Reading

Previous: Јанчев за сообраќајката во која загина дете: Жал ми е, не помина ден да не помислам на тоа
Next: (ВИДЕО) „Баба Рога“ стана кошмар за Русите, Украина има специјално оружје

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

06/02/2026
(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

06/02/2026
(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

06/02/2026
(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

06/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.