Фото: Бане Костиќ
Утрово починал Драган Б. Костиќ, кој ќе остане запаметен како македонски новинар и легенда на македонското радио.
Неговиот син Бане Костиќ ја потврди тажната вест преку социјалните мрежи.
„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.
Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел
Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов,
за грижата, посветеноста и хуманоста
Нека му е вечна слава и спомен
Патувај мирно Диско Селекторе“, објави Бане.
