Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Прекрасно: Дедо Мраз го посети и израдува Леон

Gladiator 19/12/2025

Фото: Амела Мемиш Апостоловска

Мајката на Леон, Амела Мемиш Апостоловска сподели фотографии и видео од Веселиот Дедо Мраз кој го посети и израдува нејзиниот син.

„Мал чекор ,но за нас голем успех. Доказ дека ветувањата дадени со љубов се исполнуваат, и дека надежта секогаш наоѓа пат до детското срце.

Кога би можела, со целото срце би го вратила твојот дедо мојот татко, човекот кој ни недостасува длабоко, таму каде што болката не се гледа, туку се живее. Но, мило мое, има работи што ниеден човек не може да ги направи. Затоа, јас, тато и Дедо Мраз решивме барем малку да ја ублажиме твојата болка… и нашата.

Вечерва, кога го прими подарокот, ја видов среќата во твоите очи. Ја почувствував твојата душа како заигра од радост. Но видов и нешто друго тагата што тивко стоеше таму, искрена и длабока. Видов колку ти значеше дедо ти. Истиот оној начин на кој значи и за мене.

Затоа ти ветувам, сине: никогаш нема да биде заборавен. Неговата желба беше да нè види како успеваме, како одиме напред. И токму затоа, во негова чест, ќе го продолжиме патот овој пат уште посилни.

Ти го носиш неговиот лавовски карактер. Неговата цврстина, љубов и добрина. Тоа се дарови што не му се дадени на секого. Јас изгубив родител, ти изгуби дедо. За некого тоа се само зборови. За нас тоа е нешто свето. И така ќе го носиме во срцето, и за него ќе чекориме храбро, рака за рака, без да се пуштиме.

И да знаеш, сине, мама повеќе нема да биде иста. Овој пат ќе биде посилна од кога било. По оваа средба, по твоите зборови што излегоа од твојата уста зборови што за мене вредат повеќе од злато знам дека растеш во нешто големо и чисто.

И запомни дека сега и тој е со нас. Во секој наш чекор. А со нас е и Бог, Кој ни го осветлува патот, затоа што чекориме со чисто срце и љубов. Таму каде што оди љубовта, Господ чекори заедно со неа, и нема сила на земјата што може да ја покори.

Можеби ќе нè критикуваат. Можеби ќе коментираат. Можеби ќе се обидат да нè сопнат. Но тоа не се Божји луѓе, сине. Не застанувај на тие каменчиња. Прескокни ги. Остави ги зад себе. Како што велеше дедо ти подобро секогаш ќе најдеш пред себе“, објави Леон.

Tags: Дедо Мраз Леон

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Роман преживеал пекол по руските напади и ја загубил мајка си – неговата приказна ја расплака Европа
Next: Оваа група на лица во Скопје не треба да оди на работа – аерозагадувањето е на критично ниво

Најново

  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга
  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

07/02/2026
(ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

(ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

07/02/2026
Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

06/02/2026
(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

06/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга
  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.