Фото: Принтскрин
Бојан Јовановски – Боки 13 и Ридван Мемедов Ритко во изминатиот период станаа ептен популарни поради големата гледаност на нивниот подкаст на Јутјуб.
Во еден од преносите во живо кај Боки 13 имаше голема бројка на гледачи, а тоа предизвика коментари и во емисијата на Стефан Лазаров каде што гостуваа Игор Џамбазов и Тони Михајловски.
Џамбазов кажа дека осудени лица не треба да бидат домаќини на подкасти, туку истите треба да ги водат професионални водители.
Ова предизвика реакција од Боки 13 и Ритко кои влегоа во „војна“ со познатиот македонски шоумен и актер.
