Фото: Принтскрин
Косовската претседателка, Вјоса Османи испрати молба до папата Лео 14 да ја признае независноста на нејзината држава.
Османи имаше состанок во саботата, по што објави видео на социјалните мрежи во кое објасни дека тоа бил важен ден за односите меѓу Ватикан и Косово.
Османи посочи дека Косово има историски врски со христијанството, при што посочи дека „дарданската земја“ на светот му дала личности како Скендербег, Мајка Тереза, но и други личности, а во продолжение погледнете ја изјавата на претседателката.
