Фото: Принтскрин
Како и многупати во минатото, па така и сега секогаш се наоѓа „дипломатски одговор“ кога станува збор за важна тема за граѓаните на Република Македонија. Без разлика дали станува збор за актуелната влада или некоја претходна гарнитура која седнала таму благодарение на гласовите на македонските граѓани, секогаш политичарите го прават тоа што најдобро знаат, а тоа не е да седнат и да решат проблем со кој се соочуваат граѓаните.
Овој пат ударот е врз едни од најранливите граѓани на Македонија, односно пациентите со ретки болести затоа што е намален буџетот за нив. Министерката Гордана Димитриевска Кочоска не се најде одговорна за целата ситуација, па пред новинарите кажа дека тоа е одговорност на секоја институција, односно секоја сама си одлучува како ќе го распредели лимитот, што по автоматизам би требало да значи дека намлувањето на априте во буџетот за пациентите со ретки болести е директна одговорност на министерот за здравство.
Ова е првпат буџетот за пациенти со ретки болести да биде намален, а тоа го потврди и претседателката на здружението на граѓани „Живот со предизвици“, Весна Алексовска. Прашањето што треба сите да си го поставиме е „каде се парите?“. Пари за луксузи, манго, папаја и останати „глупости“ секогаш има, ама тоа е „нормално“ затоа што во оваа држава секогаш ќе има пари за тие на кои што не им се доволни ниту илјадници евра плата за „лежење по фотелји“ во Собрание бидејќи граѓаните на Македонија не чувствуваат подобрување на животниот стандард. Да не се правиме „наудрени“, сите сме свесни дека ситуацијата е сè потешка, но да се крати од буџет за оваа категорија на граѓани е навистина ненормално.
Од министерството за здравство за „Телевизија 24“ велат дека стратегијата за ретки болести за период од 2026 до 2030 година била подготвена, односно ќе има доволно средства за сите пациенти, а ги има регистрано над 1.000 лица на територијата на Македонија. Навистина е загрижувачки како може да се кратат средства на едни од најосновните работи кои му се потребни на секој граѓанин на една нормална држава, ама очигледно ние не сме нормална држава, па за сè што треба нека не се грижат политичарите за обичниот граѓанин – тука се останатите кои секогаш ќе помагаат со донации, додека тие ќе се обидат да „преживеат“ во Македонија со незамислива плата за обичен човек во Македонија, како и патни трошоци од кои „боли глава“, а за кои досега ниту еден нема одговарано затоа што тоа е нормално во државата.
Ова не е до една, две или неколку политички партии во Македонија, да не се почувствува некој загрозен, туку ова е до сите кои се на важни функции, а очигледно си ја немаат разбрано работата сериозно.
