Фото: Принтскрин
Украинската служба за безбедност објави снимка за која тврди дека се прикажува нападот врз руската подморница од класата 636.3 Варшавјанка.
Тие тврдат дека ова е прв напад со подводни дронови, а подморницата претрпела критични оштетувања и онеспособена е за понатамошна употреба.
Погодената подморница била наоружана со четири лансери за крстаречки проектили „Калибр“, кои руските сили ги користат за напад на украинска територија.
СБУ вразила підводний човен рф у Новоросійську
— СБ України (@ServiceSsu) December 15, 2025
Деталі за посиланням ➡️ https://t.co/2PjfguPVnM pic.twitter.com/pU2LIr7DP0
