Рускиот претседател Владимир Путин (73) се најде во незгодна ситуација додека се обидуваше да го започне својот говор пред светски лидери, пренесува Daily Mail.
По аплаузот, Путин неколку пати се обиде да го почне говорот, но сфати дека никој не го слуша. Видливо збунет, тој бараше помош околу себе за да го активира микрофонот.
Вкупно 16 државници, вклучувајќи и лидери на НАТО, го гледаа како се мачи залудно. На крајот, еден службеник му пријде и му покажа како да го вклучи копчето за микрофон.
„Ви благодарам“, рече кратко Путин пред да продолжи со говорот.
Снимката веднаш стана хит на интернет, а медиумите ја пренесоа збунетоста на рускиот лидер. Азербејџанскиот портал Minval напиша дека Путин речиси една минута зборувал без звук, бидејќи го притиснал погрешното копче.
Украински коментатор додаде дека „тој доби што заслужува“, додавајќи дека Кремљ не би требало да учествува на мировни форуми поради одговорноста за стотици илјади жртви во војната.
Медиумот ChTD ја спореди ситуацијата со моментите кога Путин објаснува на странски лидери како да користат слушалки за симултан превод. „Не е нешто невообичаено – зборуваше без звук околу 30 секунди додека не го вклучија микрофонот“, пишуваат тие.
На форумот присуствуваа лидерите на НАТО, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Путин е во дводневна посета на Туркменистан, каде што се очекуваат разговори со лидерите на Ирак и Иран.
