Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Таткото се заканувал, ќерката гребела полицаец – поднесено обвинение по драмата со кравите

Gladiator 11/12/2025

Фото: Принтскрин

По драмата во Крива Паланка, каде што беа приведени татко и две ќерки, се јави Обвинителството кое го поднесе обвинителниот предлог против трите лица.

„Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.

Станува збор за татко и две ќерки кои на 2 декември, во местото викано “Самоков”, во близина на кривопаланечкото село Луке, спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат службено дејствие и да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.

Таткото е обвинет и дека при настанот ја загрозил сигурноста на четири присутни лица, сериозно заканувајќи им се дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, со намера да ги вознемири и заплаши. Затоа тој е обвинет и за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.

Една од двете ќерки е обвинета и за – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик, бидејќи таа телесно повредила полициски службеник кој бил повикан да асистира при одземањето на говедата, така што го влечела и го гребела по лицето.

Како резултат на дејствијата на тројцата обвинети, лицата ангажирани од АХВ биле спречени да постапат по решенијата и да го одземат добитокот од обвинетите.

Во текот на постапката за обезбедување на доказите, сите три лица беа обезбедени со мерка притвор. Со поднесување на обвинението, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката и поединечните околности кај секој од обвинетите, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог со кој предложи притворската мерка да биде продолжена за таткото и за една од ќерките“, велат од Обвинителството.

Tags: крави крива паланка обвинителство

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Познат Македонец го победи ракот: Животот не знаеш што ти носи, затоа…
Next: (ВИДЕО) Пробиен уште еден тунел на пругата кон Крива Паланка

Најново

  • (ВИДЕО) Запленети над 40 тони марихуана и 1.300 шишиња масло од канабис
  • (ФОТО+ВИДЕО) Уапсени тројца скопјани кои подготвувале одмазда за нивните осудени браќа
  • (ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски
  • Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство
  • (ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Запленети над 40 тони марихуана и 1.300 шишиња масло од канабис

(ВИДЕО) Запленети над 40 тони марихуана и 1.300 шишиња масло од канабис

07/02/2026
(ФОТО+ВИДЕО) Уапсени тројца скопјани кои подготвувале одмазда за нивните осудени браќа

(ФОТО+ВИДЕО) Уапсени тројца скопјани кои подготвувале одмазда за нивните осудени браќа

07/02/2026
(ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски

(ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски

07/02/2026
Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство

Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство

07/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Запленети над 40 тони марихуана и 1.300 шишиња масло од канабис
  • (ФОТО+ВИДЕО) Уапсени тројца скопјани кои подготвувале одмазда за нивните осудени браќа
  • (ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски
  • Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство
  • (ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.