Фото: Венко Филипче + Христијан Мицкоски
Продолжуваат препукувањата меѓу власта и опозицијата откако во претходните денови главна тема беше прифаќање на илегални мигранти во Македонија.
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека додека тој е лидер во Македонија нема да биде поставен ниту еден шатор за илегални мигранти, туку ќе продолжат со борбата против илегалната миграција.
Филипче, од друга страна, обвини дека Мицкоски ќе прифаќа мигранти за пари, но и дека ќе им бидат доделени социјални станови.
Мицкоски и владата отворија толку голема дупка, што нема пари како да се затвори. Мигрантите се веќе договорени, а за возврат треба да добијат пари. Мицкоски кажа дека нема да има шатори за мигранти. Што може да значи само една од двете работи. Прво, се планираат избори и се мисли на втор мандат. Второ, мисли дека нема да има шатори, но ќе има социјални станови. Народот веќе ги прочита“, вели Филипче.
