Фото: ChatGPT
Дејвид Игнатиус во колумна за „Вашингтон пост“ објави дека едноставен мир за Украина треба да изгледа како следново: суверена држава, чии граници ги штитат меѓународните безбедносни гаранции, која е дел од Европската унија и која својата економија ја обновува со големи инвестиции од САД и Европа.
Трамп би можел да ги уништи шансите за мир ако премногу го притисне претседателот Володимир Зеленски и неговите европски сојузници, па тие решат да продолжат со борба против Русија, смета Игнатиус.
Преговорите се далеку од завршени, а Украина и европските сојузници разгледуваат сет амандмани. Украина би можела да стане членка на ЕУ во 2027 година, се додава во колумната. „Постои предлог да се зголеми почетната американска понуда од 600.000 војници на 800.000. Киев одбива било какво формално уставно ограничување, какво што бара Русија.
„Долж целата линија на примирје, од Доњецк на североисток до градовите Запорожје и Херсон на југ, би се формирала демилитаризирана зона. Зад неа би била длабока зона од која ќе биде изнесено тешкото оружје. Линијата ќе биде строго надгледувана во иднина, слично како зоната што ја има меѓу Северна и Јужна Кореја, се додава во колумната која може да се прочита ТУКА.
