Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Полицијата „тресеше“ во Чаир, Арачиново и Ченто: Овие лица тргувале со оружје и дрога

Gladiator 10/12/2025

Фото: МВР

Денеска биле извршени претреси во скопско, при што полицијата приведе 12 лица кои се осомничени за сериозен криминал.

„Претреси во Скопје и скопско, лишени од слобода 12 лица поради „злосторничко здружување” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”

Денеска (10.12.2025) во раните утрински часови, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведоа претреси на повеќе локации на подрачјето на селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Методија Андонов Ченто и Чаир. Во акцијата беа лишени од слобода 12 лица: Н.С.(70), Ф.С.(42), Ќ.С.(44), Б.А.(40), С.Д.(37), Ф.Д.(35), Н.А.(59), Р.К.(27), Н.Л.(44), А.К.(35), З.М.(61) и Р.С.(27), за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се сомничи за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

До ОЈО ГОКК е поднесена кривична пријава против сите 12 лица, за кои постои основано сомнение дека во периодот од април 2025 година до декември 2025 година создале и станале припадници на злосторничко здружение, организирано за вршење кривични дела казниви со затворска казна од најмалку три години.

С.Д., од засега непознати лица од Република Косово, неовластено набавувал огнено оружје и муниција со цел понатамошна продажба, по што нелегално ги пренесувал на територијата на Република Северна Македонија. Оружјето и муницијата биле неовластено складирани на безбедни локации во селата Сингелиќ и Брест.

Од прибраните докази произлегува дека припадниците на групата имале јасно распределени улоги. Н.С., како еден од организаторите, давал насоки за пронаоѓање потенцијални купувачи и за неовластено посредување во трговијата со огнено оружје и муниција. С.Д.. неовластено набавувал муниција и ги координирал активностите за доставување на оружјето до членовите на групата, додека Н.А. го одржувал контактот со првоосомничениот и ја координирал доставата до непосредните купувачи.

Дополнително, Н.Л., покрај неовластено посредување во трговија со оружје, се сомничи дека неовластено продавал и наркотична дрога кокаин“, соопшти МВР.

Tags: арачиново полиција чаир ченто

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Аца Лукас избриша една од своите песни – ова е вистинската причина
Next: (ФОТО) „Железни опинци облекоа за да ми го уништат животот“: Кире Михаилов открива дека добива закани

Најново

  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга
  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

07/02/2026
(ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

(ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

07/02/2026
Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

06/02/2026
(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

06/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга
  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.