Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Македонија тагува: Почина младата Викторија – девојка со големо срце и голем хуманитарец

Gladiator 10/12/2025

Фото: Принтскрин

Здружението за заштита на животните – Анима Мунди објави тажна вест преку нивниот профил на социјалните мрежи.

„Денес светот стана посиромашен за еден човек… …А ние изгубивме светлина. Викторија денес си замина.

Ненадејно.

Изненадно.

Дури сурово.

Како да се скина конецот што ја држеше врзана за сите души за кои се бореше.

Тешко е да се прифати дека човек како неа повеќе го нема.

Викторија не беше само хуманист.

Таа беше прибежиште за оние што никој не ги гледаше.

Им беше глас на немите. Рамото на исплашените. Силата на слабите.

Целиот свој живот го претвори во мисија — да даде повеќе, да спаси повеќе, да искаже љубов кога никој друг не ја давал.

Беше еден од основачите на Про Анима Берово.

Првото наше спасено животно го носеше нејзиното име – Викторија.

На почетокот стоевме заедно, со иста болка, исти рани, исти соништа.

Подоцна нашите патишта се разделија…но тоа никогаш не значеше дека се оддалечивме едни од други.

Иако мисијата не’ однесе на различни страни, секогаш бевме тука една за друга — со разбирање, со почит, со љубов.

Таа го продолжи својот пат до самиот крај — тивко, упорно, без умор.

До последниот ден, буквално до последниот здив, таа остана таму каде што најмногу требаше да биде — до животните што ги сакаше повеќе од себеси.

Понекогаш немаше ништо за себе.

Понекогаш беше уморна, истрошена, повредена.

Но за нив… за нив секогаш мораше да има.

Се грижеше за туѓиот живот повеќе отколку за својот.

Не стигнавме да се поздравиме.

Тоа е раната што најдлабоко сече.

Неизговорен збор, недадена прегратка, некажано „чувај се“.

Сега остануваат само тишината и едно големо „ЗОШТО?“.

Зошто Боже?

Зошто ги земаш добрите?

Зошто токму тие што прават светот поднослив?

Тие што носат надеж таму каде што ја нема?

Викторија,

ти благодаримешто постоеше.

Ти благодариме за секој живот што го спаси,

за секоја болка што ја пресретна,

за секој момент во кој се бореше наместо да се откажеш.

Твоите чекори може згаснаа…

Ама трагите од нив ќе останат.

Во секое животно што го допре,

во секоја душа што ја врати од работ,

во секој човек што го инспирираше да биде подобар.

Почивај во мир, голема душо.

Оние што ги спаси ќе ти светат пат.

А ние ќе те носиме со себе – секогаш“, објавија од „Анима Мунди“.

Tags: Викторија

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Вандализам во Штип: Едно лице снимено како уништува украси
Next: Протестот за УЧК во Скопје доби поддршка и од крилото на Таравари

Слична содржина

(ФОТО) „Железни опинци облекоа за да ми го уништат животот“: Кире Михаилов открива дека добива закани

(ФОТО) „Железни опинци облекоа за да ми го уништат животот“: Кире Михаилов открива дека добива закани

10/12/2025
(ФОТО) Полицијата „тресеше“ во Чаир, Арачиново и Ченто: Овие лица тргувале со оружје и дрога

(ФОТО) Полицијата „тресеше“ во Чаир, Арачиново и Ченто: Овие лица тргувале со оружје и дрога

10/12/2025
(ВИДЕО) Аца Лукас избриша една од своите песни – ова е вистинската причина

(ВИДЕО) Аца Лукас избриша една од своите песни – ова е вистинската причина

10/12/2025

Најново

  • (ФОТО) „Железни опинци облекоа за да ми го уништат животот“: Кире Михаилов открива дека добива закани
  • (ФОТО) Полицијата „тресеше“ во Чаир, Арачиново и Ченто: Овие лица тргувале со оружје и дрога
  • (ВИДЕО) Аца Лукас избриша една од своите песни – ова е вистинската причина
  • (ВИДЕО) „Ако повлечат еден од овие два потези, ќе одговориме жестоко“: Русија не сака војна со Европа, но…
  • Филипче го нападна Мицкоски: За пари ќе прифатите мигранти, нема да има шатори, ќе има социјални станови

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) „Железни опинци облекоа за да ми го уништат животот“: Кире Михаилов открива дека добива закани

(ФОТО) „Железни опинци облекоа за да ми го уништат животот“: Кире Михаилов открива дека добива закани

10/12/2025
(ФОТО) Полицијата „тресеше“ во Чаир, Арачиново и Ченто: Овие лица тргувале со оружје и дрога

(ФОТО) Полицијата „тресеше“ во Чаир, Арачиново и Ченто: Овие лица тргувале со оружје и дрога

10/12/2025
(ВИДЕО) Аца Лукас избриша една од своите песни – ова е вистинската причина

(ВИДЕО) Аца Лукас избриша една од своите песни – ова е вистинската причина

10/12/2025
(ВИДЕО) „Ако повлечат еден од овие два потези, ќе одговориме жестоко“: Русија не сака војна со Европа, но…

(ВИДЕО) „Ако повлечат еден од овие два потези, ќе одговориме жестоко“: Русија не сака војна со Европа, но…

10/12/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) „Железни опинци облекоа за да ми го уништат животот“: Кире Михаилов открива дека добива закани
  • (ФОТО) Полицијата „тресеше“ во Чаир, Арачиново и Ченто: Овие лица тргувале со оружје и дрога
  • (ВИДЕО) Аца Лукас избриша една од своите песни – ова е вистинската причина
  • (ВИДЕО) „Ако повлечат еден од овие два потези, ќе одговориме жестоко“: Русија не сака војна со Европа, но…
  • Филипче го нападна Мицкоски: За пари ќе прифатите мигранти, нема да има шатори, ќе има социјални станови

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.