Во близина на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда биле откриени коски кои личат на човечки.
Според информациите од СВР Скопје, на 2 декември 2025 година, во 12:03 часот, Г.Ј. (39) од Пехчево пријавил дека додека извршувал ископ со багер во близина на старите гробишта во кругот на студентскиот дом, забележал остатоци кои потсетуваат на човечки коски.
По препорака на јавен обвинител, пронајдените коски биле предадени на натамошно вештачење.
