Фото: Христијан Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека ќе се бори за трет мандат на партијата.
Мицкоски кажа дека сака да остане уште четири години на чело на партијата, односно не планира да бара измени во Статутот на партијата за да му се овозможи дополнителен мандат.
„Јас имам два сина, а мене ВМРО-ДПМНЕ ми е како трето дете. Сепак, ова е мојот последен мандат на чело на партијата, ако ја добијам поддршката од делегатите. Додека сум претседател на партијата, нема да поддржам иницијатива за промена на тој дел од Статутот“, кажа Мицкоски во интервју за „360 степени“.
