Фото: PU Maribor / Slovenska polcijia o ubistvu Stefanie Pieper
Потрагата по 32-годишната инфлуенсерка од Грац, Стефани Пајпер заврши на 29 ноември на најлош можен начин.
По шест дена интензивна потрага, словенечката полиција го пронашла нејзиното тело на една локација во Словенија, и тоа сокриено во куфер.
Главниот осомничен, нејзиниот поранешен партнер, за време на испрашувањето во полицијата го признал убиството на Стефани.
Девојката исчезна на 23 ноември, откако не се појави на работа, ниту се јавувала на семејството, по што била повикана полиција.

