За православните верници, Божиќниот пост започнува денес и ќе трае 40 дена, до 6 јануари, кога се одржува полноќната литургија пред големиот празник. Постојат и други називи за овој пост – често се нарекува и Филипов пост, бидејќи почнува на денот по споменот на Светиот апостол Филип, еден од најблиските ученици на Исус.
Божиќниот пост е втор по должина по велигденскиот пост, а според строгост, е помалку строг од Велигденскиот и Великојавленскиот пост. Тој не се состои само во воздржување од месо и масна храна, туку и во чистење на умот – од лоши мисли и постапки. Црквата смета дека само кога телото и духот се во согласност, постот е вистински целосен.
Основни правила за Божиќниот пост
- Не се јаде месо, јајца и млечни производи.
- Масло и вино се дозволени во повеќето денови, освен среда и петок, кога се пости „на вода“.
- Риба се консумира секоја сабота и недела, како и на големи празници како Воведение на Пресвета Богородица, дури и ако паѓа во среда или петок.
Постење по недели
Прва недела:
Постот започнува полесно. Може да се јаде риба, масло и се пие вино, освен во среда и петок, кога се пости на вода.
Втора недела:
Иста како првата недела – риба, масло и вино се дозволени, освен во среда и петок, кога постот е строг.
Трета недела:
Режимот останува ист како во првите две недели.
Четврта недела:
Постот станува построг. Риба се јаде само на празници и викенди, а среда и петок се денови на строг пост.
Петта недела:
Режимот е пос строг – дозволени се само масло и вино, риба не се јаде, а среда и петок остануваат на вода.
Шеста недела:
Најстрогата недела од постот. Се пости на вода, освен на Бадник, кога традиционално се јаде посна храна.
