Фото: Принтскрин
Македонската пејачка Марија Груевска заврши на операција, а сега објави порака од болница. Таа имала оперативен зафат на вените, откако ѝ била препорачана итна операција.
Марија Груевска, која во јавноста се претстави во „Ѕвездите на Гранд“ ќе остане запаметена по нејзините необични стајлинзи и настапи.
„Точно е, ме оперираа, ми извадија вени, една главна и повеќе споредни. Главната вена беше нефункционална и не смееше така да остане. Имам 18 конци, но помина операцијата“, кажа Марија за „Гранд“.

