Од 1 јануари 2026 граѓаните ќе се соочат со нова, повисока цена на електричната енергија. По последниот тендер за снабдување, ЕВН Хоум доби само една понуда – таа на АД ЕСМ – со цена од 65 евра за мегаватчас, што претставува раст од речиси 5% во однос на претходниот период, кога истата количина се набавуваше по 62 евра.
Ова практично значи дека трошоците за домаќинствата ќе се зголемат, а конечната цена ќе биде пресметана од ЕВН Хоум во согласност со методологијата утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Новите тарифи ќе зависат од повеќе параметри: цената по која ЕСМ ја испорачува струјата, надоместоците на МЕПСО, МЕМО, како и трошоците на Електродистрибуција.
Регулаторите веќе најавуваат дека конечната цена ќе биде позната наскоро – но едно е јасно: 2026 ќе започне со повисоки сметки за струја.
