Фото: Принтскрин
Познатата водителка во емисијата „Гответе со Дракче“, Драгица Стевковска гостуваше во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на „Канал 5“ каде што раскажа низ што морала да помине. „Дракче е научена да оди по трнлив пат.
Не беше болест која го нападна мојот организам, туку се случи несреќа. Паднав по скали, мислев не е ништо сериозно, но потоа се појавија вртоглавици, повраќања, направивм рендген снимка и ми кажаа дека морам на кардиологија зашто срцето само што не експлодирало“, раскажува Дракче.
