Фото: Христијан Мицкоски
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека не се согласува со оценката на Европскиот извештај и посочи дека Македонија е понапред од Албанија во осум области.
Мицкоски имаше ироничен коментар на тоа дека Македонија не напредува поради уставните измени. Премиерот смета дека не е решение само да се направат измените и потоа да се добие ново вето.
„Ако ги направиме уставните измени, ќе бидеме најдобро. Ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони, а потоа ново вето и нови проблеми“, кажа Мицкоски.
Целата изјава погледнете ја во продолжение.
