Фото: Бобан Стефковски
Вечерва почна големата чистка на главниот град, откако градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кажа дека почнува „72 часа акција за чистење на градот“.
На почетокот на акцијата се појавија и скопските градоначалници, кои најавија дека ќе се чисти цела ноќ, а ќе продолжи чистењето и во следните два дена, односно градот во целост ќе биде исчистен за 72 часа.
