Фото: Принтскрин
Светлана Цеца Ражњатовиќ неодамна настапи во салата „Гемиџии“ во Велес, но нема по добро да го памети концертот откако предизвика скандал со бугарското знаме.
Пејачката доминираше на сцената сè додека не го развеа бугарското знаме, кое го добила од некој фан, по што почнаа негодувањата и свирежите.
Цеца мораше да го прекине концертот со цел да се избегне дополнителна ескалација на ситуацијата, а сè уште не се смирува ситуацијата по инцидентот.
На профилот „Ceca SloForum“ каде што се објавуваат детали од нејзините настапи се појави и кратко видео кое покажува што се случувало пред инцидентот.
