По објавувањето на резултатите од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој излезе како победник, од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се упати кон градскиот плоштад.
На пат кон центарот на градот, младите од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ му приредија свечен пречек пред Триумфалната капија.
Со факели и громогласни скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, поддржувачите го поздравија новоизбраниот градоначалник на Скопје.
Видеото е објавено од: 360 Stepeni
