Фото: Спасен Силјаноски
Македонскиот пејач Спасен Силјаноски објави фотографија пред штабот на СДСМ во Кичево и испрати порака до сите.
Силјаноски ги повика сите да се обединат и да застанат зад кандидатот Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во единството е успехот.
Убаво и природно е да имаме различни ставови по одредени прашања.
Но уште поубаво е кога сме обединети за КИЧЕВО.
Кога нашите разлики се бришат кога е во прашање нашиот свет дом Кичево.
“Ајде сите една песна, песна се Македонска дружно браќа да запееме”“, напиша пејачот.
