Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Димовски: Од Кочо Рацин паднавме на Цеца – срамота е!

Gladiator 01/11/2025

Фото: Принтскрин

Поранешниот македонски пратеник Илија Димовски реагираше на социјалните мрежи по вчерашниот инцидент кој го предизвика Светлана Цеца Ражњатовиќ со бугарското знаме на настапот во Велес.

„Додека растев, другите градови, посебно Скопје, Куманово и Струмица веќе стануваа турбо-фолк центри,

Велес беше град каде што само на едно место, и тоа можеби за викенд, ќе најдеше турбо-фолк музика, срамота беше.

Во Велес имаше рокерски, рап, метал клубови. Градот имаше десетина млади музички бендови. Градот имаше музичка сцена.

Во средно училиште, во гимназијата во Велес, само еден или двајца, и тоа најслабите ученици, слушаа турбо-фолк, и тоа онака, криејќи се, срамота беше.

Во тоа време, додека растев во Велес, имаше концерти, манифестации и настани, но никогаш тоа не било со пејачи од дното на понудата на Балканот, срамота беше.

Во тоа време, во Стоби, се одржуваа најкултните културни настани во Македонија, на рамниште на Охридско лето.

Изградивме најубава и најопремена зграда на театарот во Велес, каде што требаше уште посилно да се развива сета културна сцена на THE градот Велес.

Се радувавме дека не препознаваа на сите музички, поетски, драмски фестивали.

Затоа, овој настан со женава од Србија, се надевам дека некого ќе опамети и ќе престане да кокетира со шунд, турбо-фолк и шунд-поп музика која се увезува.

Знам дека мнозинството денес не мисли дека е срамота да се прима и живее оваа шунд култура, но срамота е, и штетно е, и за следните генерации и за сите.

И да ви кажам, има што да се направи за да се запре оваа декаденција на умот и културата.

Од Рацин, на Цеца.

Од Главинов, на Саша Матиќ.

Од Прличков, на Северина.

Од гемиџиите, на Жељко.

Срамота е“, напиша Димовски.

Tags: Илија Димовски Светлана Цеца Ражњатовиќ

Continue Reading

Previous: (ФОТО) „Се буните сите, а пола Македонија е со бугарски пасош“: Никола застана во одбрана на Цеца
Next: (ВИДЕО) Која е девојката која ѝ го дала бугарското знаме на Цеца?

Слична содржина

Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа

Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа

21/12/2025
(ВИДЕО) Сузана Гавазова денеска го слави 46. роденден

(ВИДЕО) Сузана Гавазова денеска го слави 46. роденден

21/12/2025
Политичарка од БиХ завршила факултет за четири месеци!?

Политичарка од БиХ завршила факултет за четири месеци!?

21/12/2025

Најново

  • Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа
  • (ВИДЕО) Сузана Гавазова денеска го слави 46. роденден
  • Политичарка од БиХ завршила факултет за четири месеци!?
  • (ВИДЕО) Уреден спомен-паркот за Никола Карев
  • (ФОТО) Нови детали за загинатите македонски државјани: Автомобилот е целосно здробен, едно лице е во болница

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа

Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа

21/12/2025
(ВИДЕО) Сузана Гавазова денеска го слави 46. роденден

(ВИДЕО) Сузана Гавазова денеска го слави 46. роденден

21/12/2025
Политичарка од БиХ завршила факултет за четири месеци!?

Политичарка од БиХ завршила факултет за четири месеци!?

21/12/2025
(ВИДЕО) Уреден спомен-паркот за Никола Карев

(ВИДЕО) Уреден спомен-паркот за Никола Карев

21/12/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Шефица на американските шпиони: Русија не е способна да ја окупира Украина, а не пак Европа
  • (ВИДЕО) Сузана Гавазова денеска го слави 46. роденден
  • Политичарка од БиХ завршила факултет за четири месеци!?
  • (ВИДЕО) Уреден спомен-паркот за Никола Карев
  • (ФОТО) Нови детали за загинатите македонски државјани: Автомобилот е целосно здробен, едно лице е во болница

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.