Фото: Принтскрин
Настапот на Светлана Цеца Ражњатовиќ во Велес нема да се памети по добро поради нејзиниот потег да вее бугарско знаме пред македонската публика.
Иако имаше шпекулации како завршило знамето зад грбот на популарната пејачка, сепак „Скопје1“ објави снимка на која точно се гледа што се случило.
Дел од фановите се обидуваа да ја одбранат дека знамето ѝ било подметнато, но пејачката убаво видела дека станува збор за бугарско знаме кое предизвика свирежи и негодувања во салата „Гемиџии“ во Велес.
