Фото: Принтскрин
Светлана Цеца Ражњатовиќ синоќа имаше настап во Велес, каде што ја разочара публиката со нејзиниот потег да развее бугарско знаме на сцената.
Цеца во еден момент прегрна и почна да го вее бугарското знаме, по што доби голем број свирежи и негодувања од публиката.
Иако се обиде да ја поправи грешката и да развее македонско знаме, кое потоа и го бакна, сепак тоа не ги смири фановите.
Еден од фановите даде предлог како може пејачката да ѝ се извини на Македонија.
„Сега нека го истетовира македонското знаме на раката“, пишува еден од фановите.

Видеото погледнете го ТУКА. Пејачката потоа вееше и македонско знаме со цел да се извини, но залудно.
