Фото: Принтскрин
Светлана Цеца Ражњатовиќ по инцидентот во салата „Гемиџии“ со бугарското знаме даде ексклузивна изјава за „Бекстејџ“.
Пејачката за „Бекстејџ“ објаснува дека не сакала никого да повреди со нејзиниот потег и дека жали поради истиот.
„Не е ништо необично што секогаш со радост го прифаќам секое знаме од мојата публика. Жал ми е ако тој гест повреди некого, но навистина немав таква намера. Нема да се занимаваме со реакции на социјални мрежи“, кажа пејачката за „Бекстејџ“.
Видеото може да се погледне ТУКА.
