Фото: Принтскрин
Српската пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ ја налути македонската јавност откако реши да вее бугарско знаме во салата „Гемиџии“ во Велес.
Цеца направи скандал кој нема лесно да ѝ го прости македонската публика, а сега на социјалните мрежи се појави и снимка од тоа кој ѝ го дава знамето.
Како што може да се забележи, во првите редови има личност која го држи знамето и потоа најверојатно ѝ го додава на пејачката за да го развее на сцената.
