Фото: Принтскрин
Бурата на социјалните мрежи по скандалот со бугарското знаме во салата „Гемиџии“ во Велес, кој го предизвика Светлана Цеца Ражњатовиќ, не запира.
Фановите се бесни поради потегот на Цеца и бараат извинување од пејачката, но и од македонскиот пејач Мики Секуловски.
„Колку што е виновна Цеца и треба да се извини, толку треба да се извини и Мики“, пишуваат фановите.
