Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, објави на социјалните мрежи дека нема да учествува во вечерашната дебата со кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, која беше закажана на ТВ „Телма“.
Ѓоргиевски го образложи своето откажување со тоа дека во претходната дебата на „Канал 5“ ставовите на двата кандидати веќе биле јасно истакнати.
„Јасно се гледа разликата помеѓу концептите: јас и ВМРО-ДПМНЕ имаме планови за Скопје, додека кај Амар Мециновиќ се забележуваат демагогија и отсуство на конкретни предлози. Поради тоа, повторна дебата нема да биде судир на идеи, туку на празна реторика“, напиша Ѓоргиевски, додавајќи дека ја почитува професионалноста на телевизијата која го поканила.

