Фото: Принтскрин
Пејачката Ана Николиќ и музичкиот продуцент Горан Ратковиќ – Рале, доживеале вистински хаос за време на престојот во Дубаи, каде што отпатувале за снимање на спотот за новата песна „Није ми 22“.
Наместо гламурозен проект со луксузни кадри, нивното патување, според зборовите на пејачката, се претворило во вистинска ноќна мора.
Ана открила дека таа и Рале биле сместени во хотелот „Хилтон“ на Палм Џумеира – еден од најексклузивните делови на Дубаи. Сепак, ноќта не поминала мирно. По жестока расправија, продуцентот, тврди Ана, рано утрото ги собрал своите работи, го зел заедничкиот кеш и заминал, оставајќи ја сама и без никакви средства.
Според информациите на српските медиуми, ситуацијата дополнително се влошила кога во конфликтот се вмешал и хотелскиот персонал, кој наводно се обидел да ја исели пејачката од собата.
Како што дознава Курир, драмата сè уште трае, а Ана Николиќ е во длабок емоционален шок. Во изјава за медиумот, таа остро го нападнала својот долгогодишен соработник, упатувајќи сериозни обвинувања на негова сметка.
„Горан Ратковиќ е човек кој дозволи да ме избркаат од хотелот како ништо да не вредам. Ако ми се приближи, ќе поднесам пријава против него. Планирам да го пријавам за сексуално насилство – и ако вистината излезе на виделина, ќе заврши таму каде што заслужува. Тој е го*но смрдливо“, изјавила видно вознемирената пејачка.
