Фото: Принтскрин
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ вечерва гостуваат во „На дуел кај Иван“ на „Канал 5“, при што зборуваа за нивните планови за главниот град.
Ѓорѓиевски повтори дека ќе го исчисти градот за само 72 часа доколку ја добие довербата од народот во вториот круг од локалните избори.
„Ќе го исчистам Скопје за 72 часа. Ќе го исчистиме цело ѓубре кое го има насекаде. Ќе ги испереме и улиците, но и плоштадот. Потоа следи процес на дератизација“, вели Ѓорѓиевски.
