Фото: Принтскрин
Вечерва од 18.30 часот на „Канал 5“ во „На дуел кај Иван“ ќе се соочат пред вториот круг од локалните избори за градоначалник на Град Скопје.
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица ќе го имаат првото соочување на телевизија каде што ќе ги претстават своите идеи и ќе ги посочат причините зошто треба секој од нив да го добие гласот на граѓаните.
