Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Една во светот, а наша: Оваа книга го потврдува вековното постоење на Македонија!

Gladiator 28/10/2025

Издавачката куќа „Матица македонска“ ја претстави новата монографија на Доне Таневски под наслов „Монетоковањето на градовите во античка Македонија“. Станува збор за исклучително значајно научно издание од повеќе од 500 страници, во кое детално се обработуваат градските заедници (полиси), нивниот историски развој, економско-политичките текови, како и најважно — нивната монетарна активност. Делото ја опфаќа целата територија на античка Македонија, односно областите и градовите што некогаш биле дел од неа и нивната продукција на монети.

– И покрај сите предизвици што ги носи обработката на ваква тема, оваа монографија претставува прв и редок труд од ваков вид во нашата земја. Во неа се опфатени над четириесет антички градови, чија монетарна продукција е прикажана на прегледен и стручен начин. Историската рамка е внимателно вклучена за полесно разбирање на нумизматичките процеси и појави, се наведува во рецензијата на нумизматичарите Перо Јосифовски и Милица Шелдарова Василева.

Од самиот материјал може да се забележи посветеноста и деталноста на Таневски во утврдувањето на хронологијата и историската интерпретација на градските монетарни изданија. Авторот ги следи фазите на појавата на монетите, нивната типологија, иконографија, тежински стандарди и историски околности под кои функционирале градските ковници. Хронолошкиот опфат почнува од крајот на VI век пр.н.е., преку класичниот период, па сè до ранохеленистичкото време во првата половина на III век пр.н.е., кога оваа дејност постепено згаснува, освен во случаи кога била под кралска контрола.

Како што забележуваат рецензентите, делото отвора нова страница во проучувањето на градското монетоковање во античка Македонија, тема која долго време предизвикувала интерес кај пошироката и стручната јавност.

– Со својата прецизна структура и научна обработка, книгата претставува драгоцен извор не само за љубителите на историјата и нумизматиката, туку и за истражувачите и академската заедница. Публикацијата ќе стане задолжително помагало и прирачник за сите што ја проучуваат оваа област, се истакнува во рецензијата.

Ова е втората обемна и значајна монографија на Таневски посветена на нумизматиката. Неговата претходна книга, „Монетоковањето во античка Македонија“, исто така објавена од „Матица македонска“ во 2019 година, беше дочекана како важен момент во развојот на македонската нумизматичка наука.

Неколку години подоцна, со новата монографија „Монетоковањето на градовите во античка Македонија“, авторот уште повеќе ја проширува и надградува својата научна работа, дополнително осветлувајќи ја историјата на печатењето и употребата на монети во античките македонски градови. Двете книги, иако обработуваат различни аспекти – кралското и градското монетоковање – заедно создаваат целина која може да се смета за мала енциклопедија на македонската нумизматика. Тие претставуваат своевидни прирачници и водичи низ монетарното наследство на античка Македонија, заклучуваат Јосифовски и Шелдарова Василева.

За сите кои сакаат да го поседуваат ова значајно дело и да ја видат вековната историја на Македонија преку монети, книгата може да се нарача на Вибер: 079 404 449 – испорака низ целиот свет.

Tags: книга кованици Македонија монети

Continue Reading

Previous: Почина уште една македонска музичка легенда
Next: Песната за Максим Димитриевски била плагијат

Најново

  • (ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски
  • Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство
  • (ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието
  • (ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…
  • (ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски

(ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски

07/02/2026
Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство

Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство

07/02/2026
(ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието

(ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието

07/02/2026
(ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…

(ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…

07/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски
  • Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство
  • (ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието
  • (ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…
  • (ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.