Фото: Принтскрин
Ураганот Мелиса ја пустоши Јамајка, оставајќи зад себе разорни ветрови, поплави и силни бранови, соопшти Американскиот национален центар за урагани (NHC).
Според најновите информации, окото на ураганот моментално се наоѓа над западниот дел од островот, откако претходно го погоди копното во близина на местото Њу Хоуп, и продолжува да се движи кон североисток.
Брзината на ветерот се намалила на околу 265 километри на час, што е нешто помалку од 295 км/ч, колку што биле измерени при неговото прво пристигнување на копно.
„Се очекува постепено слабеење додека центарот на ураганот останува над Јамајка“, наведуваат од NHC.
