Реката Вардар денеска изгледа катастрофална, односно може да се забележи како низ неа плови ѓубре, и тоа во центарот на Скопје.
Фотографиите и видеата кои ни доаѓаат од главниот град покажуваат дека реката е во навистина ужасна состојба, како и самиот град кој во изминатиот период се соочи со растурено ѓубре на голем број локации.


